Министерство за здравство информираше дека од вкупниот број хоспитализирани 152 лица од пожарот во Кочани, 18 пациенти се во критична состојба.
„Веднаш по несреќата, здравствениот систем беше целосно мобилизиран, а сите болнички капацитети се ставени во функција за да се обезбеди најдобра можна грижа за повредените.
Во моментов, 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, каде што им се пружа неопходна медицинска помош,“ се вели во соопштението.
Распределба на хоспитализираните пациенти:
Детска хирургија – 4
Клиника за пластична хирургија – 11
Клиничка болница Штип – 45
Општа болница Кочани – 30
Св. Наум Охридски – 29
8 Септември – 17
КАРИЛ – 16.
Од вкупниот број хоспитализирани, 18 пациенти се во критична состојба:
Детска хирургија – 3
КАРИЛ – 7
Градска општа болница – 5
Стара Градска – 3.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вратите на Клиниката Жан Митрев се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош
Официјално: Најмалку 51 лице загина во пожарот во дискотеката во Кочани
Фото: МЗ