Министерство за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица од Ковид-19: 7 починати лица од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49).
Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.
Вкупната бројка на починати е 7.436.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 389 случаи на Ковид-19 од 2.633 тестирања
Убава вест: Оздравени 317 болни од Ковид-19
Фото: МЗ