еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

2.300 здравствени работници поминаа тренинг програма за да се заштитат од корона вирусот и да го спречат ширењето

Министерството за здравство во изминативе четири недели ја реализираше онлајн тренинг програма „COVID 19 Response Training“ наменета за сите здравствени работници од јавните здравствени установи во земјава.

За само три недели близу 2.300 здравствени работници, медицински сестри и лекари, беа дел од интерактивните тренинзи кои се одвиваа онлајн.

„Тренингот е развиен од страна на Project HOPE заедно со Brown University од САД, и е базиран на препораките на СЗО за справување со ширењето на болеста и заштитата на здравствените работници.

Истиот се спроведува во многу земји во светот погодени од кризата со Ковид-19 вирусот.

Со оглед на фактот дека голем дел од здравствени работници во светот, за жал се заболени со Ковид-19, идејата на тренингот беше период од три недели да опфати значителен број на здравствни работници од сите сегменти на здравствениот систем, се со цел да се усвојат единствени заштити мерки за медицинскиот персонал и истовремено да се пружи адекватна нега во делот на превенција и ширење на инфекцијата и контрола на ситуацијата.

Целта на едукацијата беше да се се утврдат протоколи за стабилизација на болните и првична ресуситација, дијагноза и менаџмент на ситуацијата, скрининг и тријажа, како и утврдување на капацитетите на здравствениот систем и негов развој,“ информираат од Министерство за здравство.

Првично беше избрана група од 40 медицински лица, 20 лекари и 20 медицински сестри кои ја поминаа четиридневната онлајн обука со обучувачи од Brown University од САД .

Истите тие потоа направија обука на близу 2.300 здравствени работници од сите здравствени установи во земјава.

Во правата фаза онлајн тренингот започна со клиниките од „Мајка Тереза“ каде близу 650 здравствени работници ги слушнаа предавањата и развија активна дискусија околу превенцијата и ширењето на инфекцијата со Ковид-19.

Тренингот заврши со дополнителна обука во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кои се најпогодени од новонастаната ситуација. Во овој комплекс 760 вработени го поминаа тренингот.

„Во услови кога медицинскиот персонал се соочи со досега непознат вирус кој зема замав за релативно кратко време, организирањето на онлајн тенинг програма за заштита за што поголем број медицински персонал беше вистински предизвик.

Бројката од 2.300 учесници кои понатаму протоколите ги пренесоа во своите работни организации е од големо значење за намалување на трансмисијата на вирусот помеѓу здравствените работници,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна дистрибуцијата на пакети за ранливи групи донирани од Империал Тобако ТКС Скопје

Редакција

(Галерија) И Заев собираше отпушоци: Министри, судии, пратеници, административци … собираа ѓубре низ Македонија

Редакција

Тетовец нашол торбичка со пари и документи, ја предал на полицијата, која за брзо време го нашла сопственикот

Редакција