еМагазин
Image default
Балкан

23.000 странци поседуваат имот во Црна Гора

Според најновите податоци на Управата за катастар и државен имот во Црна Гора, повеќе од 23.000 странци поседуваат недвижен имот во таа држава.

Од агенциите за недвижности велат дека странците преку нив купуваат станови во Подгорица, но не во значителна мера. Како што пренесува ТВ Вијести, голем број од нив, сепак, ги земаат под закуп и се подготвени да платат многу, поради што во последно време значително се зголемија наемнините.

Од Управата за катастар не можеа да ја соопштат вредноста на недвижен имот на странци во Црна Гора, бидејќи, како што наведоа, тие не се одговорни за тоа, јави медиумот.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Невакцинираните Грци на свој трошок ќе се тестираат за Ковид-19 најмалку еднаш неделно

Редакција

Трифонов потврди дека го напуштаат дел од пратениците, го обвини Петков дека ги купил

Редакција

„Знак на благодарност“: Информацијата дека Србите бесплатно ќе возат низ Македонија, топ тема во српските медиуми

Редакција