23-годишник од Мала Речица е вториот осомничен за симнувањето на знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка, информираа од МВР.
-Денеска во СВР Тетово е извршен службен разговор со 23-годишниот Б.Л. од Мала Речица, кој е второто лице осомничено за симнување на знамето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија од јарболот на манастирот „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка и поставување на знамето на Република Албанија.
По документирање на случајот и против Б.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Симнато знаме на МПЦ од храмот на Попова Шапка и ставено знамето на Албанија
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.