еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

29 ученици на практична настава во Брако, се обучуваат идни заварувачи и техничари

Вкупно 29 ученици од средното стручно училиште „Коле Неделковски“ од Велес изведуваат практична настава во фабриката Брако, информираат од компанијата.

Учениците кои се запишани на смеровите „техничар за производно машинство“ и „заварувач“, преку практичната настава дознаваат како изгледа производството во една фабрика: од влезна суровина, текот на производниот процес, до финален производ.

Притоа, се обучуваат да ја применуваат и најсовремена технологија која компанијата редовно ја обезбедува во своите погони.

Веќе трета година Брако е вклучено во проектот “Дуално образование”, кој овозможува теоретска и практична настава, и кој од стопанството се смета за вистински чекор кон создавање на добро обучени и остручено кадри за кои индустријата има потреба.

„Проектот за дуално образование“ се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука и Делегацијата на германското стопанство.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Галерија ги отвора вратите за младите фотографи од Creative Hub

Редакција

„Приказни од облаци“ на Кристина Тот, нова книга за деца од ИЛИ-ИЛИ

Редакција

На 23-годишнината од Вејце, мурал со ликот на Бобан Трајковски еден од загинатите

Редакција