Поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Стефанов, кој е осомничен во случајот „Адитив“ на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби 30 дена притвор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра
Неговиот претходник, поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски останува недостапен за органите на прогон и нема официјална информација каде се наоѓа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски не се откажал од македонско државјанство, Тошковски не сака да шпекулира каде е
За него јавен обвинител достави предлог за одземање на патна исправа, обврска повремено да се јавува во Судот и забрана за одржување и воспоставување контакти, за кои Судот дополнително ќе одлучува откако тој ќе биде обезбеден од органите на прогон.
Притвор добија уште седум од вкупно 23 осомничени лица во овој случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој друг освен Васко Ковачевски и Васко Стефанов е осомничен за криминалот тежок 6,5 милиони евра
„За осомничените: В. С., П. С., М. С., М. Ј., Д. С., Н. С., Р. С. и П. М. Судот го прифати предлогот на основниот јавен обвинител и им определи мерки притвор во траење од 30 дена, заради постоење на основите од член 165. ст.1, т.1., 2. И 3. од ЗКП, односно Опасност од бегство, Влијание врз сведоци и Околности дека може да го повтори делото, за осомничениот М. С. , имајќи ја предвид неговата возраст и преземените дејствија, судот му определи мерка куќен притвор.
За осомничените: Д. С., С. М., П. Ч., Д. С., А. М., З. Н., З. А., С. М., М. В., Д. Ч., В. М., Н. Н. и С. К., Судот го прифати предлогот за определување мерки за претпазливост согласно член 146 ст.1, т.2, 3. и 6. односно Одземање на патна исправа, Обврска повремено да се јавува во судот, Забрана за одржување и воспоставување контакти, како и т.7 за одредени лица односно Забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој е уапсен
Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„