еМагазин
Image default
Да помогнеме

30-годишен кавадарчанец се охрабри преку Фејсбук да побара работа: 12 години аплицира, никој не го вработува

Јасмин Хаџи-Мустафов е 30-годишно момче од Кавадарци, кој откако завршил средно училиште во СОУ „Киро Спанџов – Брко“ – Кавадарци, не работел на ниту едно место.

Неговата приказна, која тој ја објави на неговиот фејсбук-профил, ја пренесуваме во целост:

„Ова не е затоа што јас не сакам да работам, напротив, имам поднесено апликации и биографија на стотици места изминатите 12 години, но ниту една фирма, организација или институција не ми дала работа. Секако, во меѓувреме се обидував постојано да се надоградувам. Околу 8 години волонтирав во неколку невладини организации, каде што научив многу вештини. 

Од време-на време поправам по некој компјутер или телефон, но ова го правам од љубов, за пријатели и роднини и немам заработка. Моментално, на 30 години, мојата целосна егзистенција зависи од моето семејство, но не сакам тоа да биде така. Сакам јас да заработувам и самиот да се грижам за себе.

Причината поради којашто никој до сега не ме вработи, можеби, е тоа што, јас, малку побавно од другите ги правам работите. Немам некоја дијагноза, но, едноставно, ми треба поддршка и асистенција при работата и ми треба време за добро да ги завршам задачите.

Пред да почне кризата со коронавирусот бев на средба со Митко Јанчев, градоначалник на Општина Кавадарци, но и покрај тоа што тој ми побара информации за контакт, не добив никаков одговор до денес. Ве замолувам сите, да ја споделите оваа објава за да ми помогнете да најдам работа.

Најдобар сум во работењето со компјутери, телефони, кабли и друга технологија, но можам да научам и нови вештини доколку работното место го бара тоа.

Ве молам, помогнете ми да се вработам и конечно, и јас, да се чувствувам како активен граѓанин кој придонесува во ова општество! Доколку сакате да ми помогнете, ве молам контактирајте ме во инбокс, или, на [email protected]

фото: Фејсбук/Јасмин Хаџи-Мустафов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите вечерва во ТЦ Бисер: Панчо и Андреј од ДНК ќе собираат средства за лекување на Леонид

Редакција

Можеме заедно: Потребни се уште 13.000 франци за да ѝ помогнеме на Љуљета Адеми

Редакција

(Видео) Сторијата за Сузана Тачева и нејзината 12-годишна ќерка Марија ја расплака Македонија, ама и ја крена на нозе

Редакција