Скопјанец на возраст од 34 години загина во сообраќајка која се случи вчера во населбата Влае.
Станува збор за А.Ј., кој управувал мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки.
Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје тој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што подоцна починал.
Во несреќата учествувале и патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р. (24) од скопското село Буковиќ и патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А. (52) од Скопје.
Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар, бил лишен од слобода.
Како што информираа од СВР Скопје по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по итна постапка
Телото на починатиот е дадено на обдукција.