еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

42-годишен маж загина откако удрил во ограда на патот Прилеп-Градско

Маж на возраст од 42 години загина откако со товарно возило „рено мастер“ излетал од коловозот и удрил во заштитна ограда на експресниот пат Прилеп-Градско.

Се работи за лицето А.Ѓ. од Крива Паланка, а несреќата се случила пред приклучокот за автопатот Неготино-Велес.

Со тешки телесни повреди завчера тој бил пренесен во Општата болница во Велес, каде што во 01.30 часот вчера починал.

По несреќата  М.В. (44) од скопското село Трубарево, кој управувал товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, избегнувајќи го товарното возило на починатиот, со возилото излетал од коловозот и удрил во метална ограда.

Телото на починатиот маж е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 308 болни од Ковид-19

Редакција

Семејството на дедото кој го уби поранешниот зет повикува на протест за да се брани од слобода

Редакција

(Фото) Топката на Танос и Трифон од Солун го спаси животот на Иван од Македонија

Редакција