еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

48-годишен маж од кичевско со секира ги нападнал родителите, татко му починал, мајка му е во неконтактибилна состојба

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека денеска (11.05.2025) во 07:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско, поради сторено кривично дело „убиство“.

-Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители.

Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите, а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба.

Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, велат од МВР.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Постапка за Ленче Ристоска по нејзините критики за влијание во Советот на јавни обвинители

Редакција

Убава вест: Од 171 тест во градинките во Скопје и Битола ниту еден позитивен на корона вирусот

Редакција

(Видео) „Лепливи раце“ објави нова „бомба“: Ден Дончев снимен како зема пари

Редакција