еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

48 повредени од пожарот во Кочани остануваат на лекување во странство

Министерството за здравство информира дека не се планирани исписи од странски медицински центри за викендов и во моментот надвор од државата се лекуваат 48 повредени од пожарот во Кочани.

„Состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информиравме, додека останатите пациенти се во стабилна состојба“, велат од таму.

Во болниците во Македонија во моментот се лекуваат 10 повредени, од кои четворица во Хируршката клиника „Св. Наум Охридски”, тројца на Клиниката за пластична хирургија, а двајца во приватната болница “Систина”.

Во ГОБ “8 Септември” во моментов на лекување е еден повреден, а вториот, кој беше вратен од Анкара, Турција, е прегледен и пуштен на домашно лекување.

Исто така, на Клиниката за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување повреден кој е вратен од Марибор, Словенија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Македонија е на списокот на Русија на листата на непријателски земји

Редакција

(Видео) Руски трупи влегоа во Харков, но украинските сили пружат отпор

Редакција

18 од 73. пратеници кои за патни трошоци наплатиле 360.000 евра имаат станови во Скопје

Редакција