Уапсениот полицаец Ангел Сарамаков од Велес, член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски за одавање на службена тајна на Министерството за внатрешни работи (МВР) требало да земе 50.000 евра, информираа денеска од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен член на обезбедувањето на Мицкоски, одавал службени тајни
За него од страна на Обвинителството е отврена истрага, а од таму информираат и дека тој бил самостоен инспектор.
Тој вечерта на 30.3.2025 година на паркинг пред хотел во Велес, како што веќе информираа од МВР, се сретнал со „неповикано лице“ – сведок во постапката и му покажал службени документи на МВР, што претставуваат службена тајна.
-Притоа му дозволил на сведокот истите да ги снима, кажувајќи му кој документ за што се однесува.
На овој начин, осомничениот од користољубие, а со цел да бидат објавени на социјалните мрежи, доставил службени документи што претставуваат службена тајна, со цел да прибави паричен износ од 50.000 евра од лицето за кое се однесувале документите, велат од Обвинителството, од каде укажуваат дека ниту лицата, ниту документите во овој предмет, не се поврзани со криминалната група од Грчец.
Тој е осомничен за кривичното дело „Оддавање службена тајна“.
За ова дело е предвидена затворска казна од најмалку една година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицкоски