Маж на возраст од 54 години загинал вчера откако со камион удрил во заштитна ограда на автопатот Демир Капија – Гевгелија.
Станува збор за З.К. од скопското село Инџиково, кој починал на лице место.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, тој со товарно возило „МАН“ со приколка удрил во оградата после првиот тунел кај Демир Капија.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а неговото тело е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.