Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 11.03.2025 година во 11.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“ во Штип, патничко возило „мицубиши“ со штипски регистарски ознаки, управувано од лице од Штип, удрило во пешак (67г) од Штип.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.