еМагазин
Image default
Ретро

76 години од смртта на Никола Тесла: Почина сам и сиромашен

На 7 јануари 1943 година почина Никола Тесла. Имаше 85 години и почина во сон, како последица од коронарна тромбоза.

Таа ноќ беше сам во својот апартман 3327 на 33 кат на хотелот „Њујоркер“. Го пронашла собарката. Почина сам и сиромашен. Комеморацијата беше одржана на 10 јануари. Градоначалникот на Њујорк Фјорело ла Гвардија прочита проштален говор кој бил напишан од Луј Адамиќ, словенечки писател, есеист и преведувач.

„Овде во Њујорк, минатата среда во својата хотелска соба почина еден човек. Се викаше Никола Тесла. Почина сиромашен, но беше еден од најуспешните луѓе. Неговите достигнувања се огромни, а како што одминува времето, ќе стануваат се поголеми“, се велело во говорот.

Од 1956 година урната со пепелта се наоѓа во Музејот „Никола Тесла“ во Крунската улица во Белград.

Извор и фото: Фејсбук-страница „Љубовна шетња Београдом“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНТ одбележа 75 години: Ретка снимка од стариот театар преполн со публика и овации

Редакција

(Видео) Ретка видео снимка од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Македонија

Редакција

(Видео) Ретка снимка од скопската Зоолошка градина од 1971 година

Редакција