еМагазин
Image default
Македонија

938 државни административци вработени според Рамковниот договор и натаму ќе седат дома, а ќе добиваат плата

938 државни административци вработени според Рамковниот договор и натаму ќе седат дома, а ќе добиваат плата.

Вицепремиерот, Садула Дураку, за емисијата “10 минути“ на ТВ 21, вели дека Владата ја подготвила втората фаза за селекција на административците, но без точен рок кога ќе дознаат на кое работно место ќе бидат распределени.

Овие административци веќе една деценија седат дома, а примаат плата. Немаат ниту еден ден поминато на работно место.

„Сегашната влада имаше одлука за распределба на 938 административци во институции и од нив за 519 почна постапката и тоа во сите ресори кои се на ниво на владата, каде имаме одговор и правиме селекција во прва фаза. Верувам дека првата фаза ќе помине без никаков проблем и потоа ќе преминеме на втората фаза, при што со Владина одлука треба да се направи распределба на 938 административци“, вели Дураку за ТВ 21.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ненормална држава: Една деценија плаќаме административци кои не одат на работа, а земаaт плата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски до Заев: Колку и да бегаш, ќе те победам на парламентарни избори

Редакција

Скопјанец почина од Ковид-19, вкупно 722 го загубија животот од вирусот

Редакција

За предлог мерките за невакцинираните ќе се одлучува на наредната владина седница

Редакција