еМагазин
Image default
Македонија

973 хоспитализирани пациенти со Ковид-19 низ болниците во државата

Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 57 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку чини лекувањето од Ковид-19 во домашни услови: Каква терапија препишуваат матичните лекари

978 нови случаи на Ковид 19 од 2.667 тестирања, најмногу во Скопје 392

Рекордни 26 починати од Ковид-19

Убава вест: Оздравени 24 заболени од Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

78% од новите случаи и 80% од хоспитализираните со Ковид-19, се невакцинирани

Редакција

Од Ковид-19 починале 13 лица, најмладиот на 33-годишна возраст

Редакција

407 казни за неносење маска

Редакција