Телевизијата Телма објави дека осомничената за „Рекет“, потпреседателката на македонското Собрание и пратеничка, Фросина Ременски Ташевска имала два телефони и дека и двата се наоѓаат на вештачење откако и се одземени при претресите во истрагата.
Од обвинителството за Телма велат дека претрес е вршен во домот на Ременски, но не е вршен во нејзиниот кабинет во Собранието.
Според телевизијата, Ременски имала два телефонски броја, но истрагата утврдила дека еден од апаратите кој и бил одземен бил нов, односно почнала да го користи на 11. јули. Телефонот кој претходно го користела не е одземен при претресите.
„Сега со вештачењето може да се откријат и извадат само податоци од новиот апарат, а за дополнителни анализи на комуникациите Обвинителството може да побара информации од операторот чиј број користела пратеничката“, објави Телма.
Истрагата за “Рекет“ е отворена на 15 јули, четири дена по менувањето на апаратот на Ременски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Заев очекува Фросина Ременски да докаже дека е невина за „Рекет“
Пратеничката Ременски и таткото на Боки 13 останаа без пасоши
Каков имот пријавила осомничената за „Рекет“, Фросина Ременски
Фото: СДСМ