Во Министерството за финансии се уште се прават анализите за ефектите од прогресивниот данок, како и за промена на прагот за ДДВ.
-Точно е дека се прават анализи. Анализите не се уште комплетно завршени. Се прават анализи и за прагот за ДДВ и при тие анализи не се зема предвид само фискалниот ефект, туку се зема предвид и администрацијата потребна за вложување, регистрирање и контролирање на тие мали компании.
Во моментов ги правиме анализите, ја испитуваме и страната на фискалната импликација и страната на административниот товар на УЈП конкретно за да можеме да донесеме ново сеопфатно издржано решение, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарски прашања пред конференцијата за е-трговија.
Зголемување на прагот од еден милион денари за плаќање ДДВ најави премиерот Зоран Заев на почетокот на месецов.
МИА