еМагазин
Image default
Македонија

СМС комуникација на Бајрами и Ахмети за случајот „Монструм“: Извршителите на убиството се професионалци

Убиството на децата и автомобилот од кој има траги на местото на убиството, а е однесен во близина на границата со Косово, покажува дека извршителите се професионалци. Оваа смс комуникација меѓу поранешниот заменик-министер за внатрешни работи, Џељал Бајрами и лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска беше прочитана на рочиштето за „Монструм” за убиството на момчињата и рибарот што се случи кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година.

Во една од пораките Бајрами на Ахмети му вели дека му кажал и на тогашниот премиер Никола Груевски дека се професионалци тие што ги убиле децата и му објаснил дека доколку се сакало да се предизвика криза немало да им пукаат во грб. Му кажал дека и во Косово и во 2001 година во Македонија кога требало да се направи криза тоа се правело со напад на униформирани лица или полициска станица.

Во СМС комуникација меѓу Ахмети и Чеику, соговорникот на лидерот на ДУИ му кажува дека биолошкиот материјал не припаѓа на луѓето кои се испрашани. На Груевски, во една СМС, некој му кажува дека е организирано спроведување на некој човек.

Судскиот процес го води судијата Огнен Ставрев, а застапнци на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и предметот беше вратен на повторно судење.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СМС комуникација на Ахмети и Незири за случајот „Монструм“: Какви луѓе се осомничените, дали убиените имаат роднини во полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На сложувалката за решение на спорот со Бугарија и фали лепило, вели Османи

Редакција

Нема да понесам и нема да побарам одговорност, вели Заев за задоцнетите мерки и зголемениот број на заболени од Ковид-19

Редакција

Катица Јанева ќе земе плата и за август, незвесно дали ќе добие и 30% додатоци

Редакција