еМагазин
Image default
Македонија

Заев: Ќе го спроведеме Преспанскиот договор до крај, го очекуваме тоа и од грчка страна

Дефинитвно одиме со имплеметација на Договорот од Преспа. Во него се вградени поглавјата. Успешно ги завршуваме забелешките кои стигнаа од грчка страна, а и сами ги увидовме. Очекуваме и грчката страна да направи конкретни чекори, како промена на таблите. Намерата е да испратиме недвосмислена порака дека Преспанскиот договор треба да се спроведе до крај зашто носи стратегиско партнерство, придобивки за нашата земја, нов пријател – нашиот јужен сосед и отвора многу перспективи, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата, Заев напомена дека природна и практична е потребата да го чуваме, негуваме и имплементираме Преспанскиот договор кој, како што нагласи, го заокружи нашето членство во НАТО и, иако добивме разочарување од ЕУ, е најсериозната гаранција за почеток на преговорите.

– Намерата беше токму на ЕУ да и се испрати пораката, а не до грчкиот народ или политика, да водат грижа за поглавјата зашто треба час поскоро да ги отвориме. Променет е Уставот на државата, промената на името се применува секаде, стана наше секојдневие. Жалам што опозицијата не го користи. Со тоа испраќа многу сериозна порака, прво за непочитување на Уставот, а има амбиции и претендира за власт. Што ако стане власт? Веднаш провокации и две-три вета нови. Не дај Боже да помислиме на таква околност, истакна Заев.

Нарекувајќи го Преспанскиот договор „имотен лист“, премиерот потенцира дека тој ја гарантира нашата теритријална сувереност и интегритет, а тоа, повтори, не беше возможно без да се реши проблемот со името.

– Две третини од Договорот зборуваат за стратегиското партнерство, економијата, социјалната и здравствената заштита, одбраната, безбедноста, за многу перспективи кои треба да ги гледаме низ можностите што се отвораат за двете земји, подвлече претседателот на Владата.

Заев дополни и дека не е изгубена надежта за отворање на поглавјата.

– Ако и треба време на Европа, ќе го има. Си го даде. Ако треба лидерите да продискутираат, ќе продискутираат, ако треба и нови методологии ќе се вградат. Ние сме остров во ЕУ, сите околу нас се земји членки. Друга перспектива нема. Донесовме храбри одлуки, без разлика на политичките кариери. Ќе се интегрираме. Прашањето за НАТО е конечно заокружено, нема дилеми околу него. За жал, ЕУ е пролонгирана, но нема алтернатива и за неа. Тоа е јасно. Сето тоа го правевме за економски стандард, заклучи премиерот Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По „корпата“ од Франција, „виси“ Договорот од Преспа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Редакција

Во Македонија активни седум пожари

Редакција

Скопското обвинителство поведе истражна постапка за „фалсификатори на евра” од Камерун

Редакција