Паметните градови полека, но сигурно, стануваат дел од нашето секојдневие: оптимизирањето на ресурсите, поголемата безбедност, подобра градска инфраструктура,.. се неминовни решенија за подобар квалитет на животот и зачувување на животната средина.
Нашиот главен град постојано расте и се соочува со истите предизвици што се поставуваат пред сите големи градови во светот, како што се потребата за ефикасно управување со отпад, подобра инфраструктура, намалување на загадувањето.
Дали и кога Скопје може да стане паметен град? И покрај тоа што не очекуваме сè да се случи преку ноќ, од нешто треба да се почне.
Во нашата земја, компании како Македонски Телеком веќе имаат конкретни решенија како што се: паметно мерење вода и струја, паметно осветлување, паметен паркинг… Овие дигитални решенија се следниот чекор кон целосна трансформација на Скопје во паметен град.
На пример, решението паметно улично осветлување веќе се применува во Копенхаген и Чикаго, каде што обичните улични светилки беа заменети со LED светилки, а беше воведен и Cloud систем за контрола и управување со уличното осветлување. Сензорите овозможија светлата автоматски да се активираат кога ќе забележат движење, што придонесе за помал број сообраќајни несреќи и криминални активности, како и заштеда на енергија, затоа што светлата се гасат кога нема движење.
Паметното осветлување на овие градови им донесе помала потрошувачка, поеколошка средина, а придонесе и за зголемување на безбедноста и сигурноста на граѓаните.
Друг пример е дигитализирањето на управувањето со отпад, решение кое им помогна на многу градови во светот подобро да ги организираат собирањето и исфрлањето отпад, преку дигитални решенија како паметни корпи, кои му покажуваат на корисникот колку е полн садот за отпад, каква е температурата во него, колкава е неговата вкупна тежина и слично.
Ваквите решенија креираат услови за поздрава животна средина, ги прават градските управувања полесни и поекономични и го унапредуваат урбаното живеење.
Доколку постепено се воведуваат вакви дигитални решенија, за брзо време голем дел од предизвиците со кои се соочува нашиот главен град ќе станат минато.
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА