еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Народна банка предвидува раст на економијата од 3,5 проценти за 2019 година

Народната банка во нејзината најнова проекција предвидува раст на економијата од 3,5 проценти, со понатамошно забрзување од 3,8 проценти во 2020 година и 4 проценти во 2021 и 2022 година.

Ваквата динамика на раст беше очекувана и во априлскиот циклус проекции, а поголеми промени не се направени ниту кај очекуваните извори на растот.

„Позитивен импулс врз растот и натаму се очекува домашната побарувачка, при натамошен раст на личната потрошувачка и закрепнување на инвестициската активност, додека придонесот на нето-извозот се оценува како негативен“, изјави гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска.

Изборите, според гувернерката може да влијаат на забавување на економската активност генерално, но ефектите би биле на пократок рок. Она што според неа е важно да се продолжи со структурните реформи, за кога ќе завршат изборите да се оствари повисока стапка на раст.

Надолна ревизија е направена и на проекцијата на инфлацијата на еден процент за оваа и 1,5 проценти за следната година.

Кредитната активност на банкарскиот сектор и натаму се оценува како важен фактор за поддршка на економскиот раст и се очекува кредитниот раст за 2019 да изнесува 5,4 проценти.

Глобалниот амбиент е понеповолен од априлската проекција има зголемена глобалната неизвесност поради растечките трговските тензии, неизвесниот процес на Брегзит, геополитички ризици и променливоста на условите на финансиските пазари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вакцинирање без закажан термин ќе се врши во поликлиниките, пунктовите и болниците, во спортските сали ќе има само ревакцинација

Редакција

Двајца од новозаболените биле во изолација: Зошто расте бројот на заразени со корона вирусот во Тетово?

Редакција

Судот потврди: Мијалков во куќен притвор ќе ја дочека Нова година

Редакција