еМагазин
Image default
Македонија

Владиниот авион принудно слетал на Скопскиот аеродорм

Капетанот на владиниот воздухоплов попладне во контролата на летање на Скопскиот аеродорм пријавил ситуација за итност поради предното тркало и по процедурите безбедно слетал на аеродромот, информираа за МИА од Контролата на летање М-НАВ.

Авионот на владината Служба за општи и заеднички работи, бил само со летечкиот екипаж, без патници, а летал од Солун за Скопје.

-Капетанот пријавил дека нема индикација оти предното тркало на авионот не е заклучено, поради што пријавил ситуација на итност и побарал од контролорите од Контроланата кула на Скопскиот аеродром да изврши низок прелет со цел визуелна проверка за извлечени тркала.

По прелетот контролорите го информирале пилотот дека тркалата се извлечени по што пилотот донел одлука да слета и по кратко време слетал безбедно, изјави за МИА Николче Тасевски, еден од директорите во М-НАВ.

Од Владата најавија дека попладнево ќе испратат официјален став за инцидентот.

МИА/Фото: ТАВ Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од Владата го потврдија инцидентот со владиниот авион „Лирџет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детали од Обвинителство за претресот во домот на Боки 13: Oдземени брендирана гардероба, накит, часовници, уметнички дела, оружје

Редакција

Бизнисменот Цветан Панделески ја демантира Стефанова: Немам грчка лична карта и имот во странство

Редакција

Заев побара оставка од директорот на затворот „Скопје“, Ѓоко Котевски

Редакција