еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Убава вест: Валандовското средно училиште ќе производува сок од калинки

Учениците и професорите од валандовското средно училиште „Гоце Делчев“ од оваа учебна година почнаа со најавеното производство на сок од калинки, кое ќе стане редовно работно ангажирање и во наредните години.

„За постигнување на замислената цел, со сопствени средства купивме производна линија што ни овозможува машинско цедење, полнење во шишиња и пастеризирање на сокот, за да стигнеме до финалниот производ“, велат од училиштето.

Процесот на производство на сокот од калинки се одвива под надзор, упатства и инструкции од професорите по стручни земјоделски предмети Наќо Кимов и Златко Јанчев, кои перманентно учествуваат и во производниот процес.

Од училиштето не очекуваат проблеми за пласман на сокот, од причина, како што велат, бидејќи калинката е симбол на здравјето, плодноста и вечниот живот и затоа што една чашка сок од калинка може да го намали ризикот од кардиоваскуларни болести.

МИА/Фото: Plantogram

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се додека Бугаринот не е спокоен во однос на неговата историја, нема ЕУ за Македонија, вели Слави Трифонов

Редакција

Илон Маск му даде легитимитет на Биткоинот: Банкарите се плашат, паметните се богатат од криптовалутата

Редакција

Вработените во ЈСП протестираат пред Владата за неисплатена плата

Редакција