АД „Европа“-Скопје за периодот 01.01-30.09.2019 година оствари добивка во износ од 35.154.801 денари, која е помала во однос на претходната година за 63,7%, соопшти компанијата преку Македонската берза.
Во периодот 01.01-30.09.2019 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од 530.865.812 денари и се намалени за 6,8% во однос на бруто приходите од 2018 година за истиот период.
Вкупните оперативни приходи за 01.01-30.09.2019 година се намалени за 6% во однос на истите во 2018 година. Останатите приходи се намалени за 51%, а финансиските приходи се намалени за 63 % во однос на 2018 година.
Оперативните расходи во периодот 01.01-30.09.2019 година се зголемени за 6,5%, а финансиските расходи пак се намалени за 18,8% во однос на 2018 година.
Фото: Европа