Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која е обвинета за случајот „Рекет“ оди во домашен притвор, одлучи Апелацискиот суд.
“Преиначено е првостепеното решение и одредена е мерка куќен притвор, заедно со мерки за претпазливост“, велат од Апелацискиот суд за МИА.
Лекарската документација, додаваат од Апелација, укажува дека и со мерката куќен притвор може да се обезбеди присуството на Јанева.
Информацијата предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Еве дел од твитовите:
Ајдеее во Францускиот нон-пејпер пишувало пуштете ја Катица во куќен притвор и после замижете кога ќе ви бега и сите прогласете се за ненадлежни за бегството
— Мартиан (@MartianFromMKD) November 19, 2019
Еј ај бе сеа, само да се мрчело, не им побегна Катица, само во домашен притвор оди.
— Ivor Mickovski (@nezenzabar) November 19, 2019
Без гаранција?
Дома?
Во Гевглеија?
Најблизу до граничниот премин Богородица?#Рекет— Syfer (@syfer11) November 19, 2019
Катица Јанева оди во куќен притвор.Сега бар раат ќе дава наредби од дома, а и ќе си користи од буџетот наменет за СЈО наредната година. Нема више ништо од државава, ја да ви кажам.
— НЕДОПИРЛИВА (@Nedopirliva1) November 19, 2019
Аирлија нов бегалец pic.twitter.com/uBZY7z9X1A
— Сушанто Рој (@susantoroj) November 19, 2019
Владеење на право и правна држава е кога Ката излегува од притвор, додека некој сиромав отепан за кражба скапува во истиот и чека судење.
— Daedalus (@Daedalusssssss) November 19, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катица Јанева оди во домашен притвор
Камчев поднесе кривична пријава против Јанева, нејзиниот син и обвинителката Стефанова
(Фото) Катица Јанева бара апанажа: Што пишува во барањето?