еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Топ пет професии со највисока просечна плата: Програмерите убедливо на врвот

Државниот завод за статистика ги соопшти најновите податоци за просечната месечна исплатена нето-плата по вработен според кои во септември 2019 година таа изнесува 25.435 денари.

Податоците на ДЗС откриваат дека просечната плата во некои сектори односно професии е повеќе од два пати поголема отколку државниот просек.

На врвот на листата највисоки просечни плати е секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просечна плата од 61.477 денари.

На второ место е секторот воздухопловен транспорт со просечната плата од 52.420 денари, а на третото секторот производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати со просечна плата од 46.702 денари.

Потоа следуваат секторот финансиско-услужни дејности (42.255 денари) и секторот складирање и помошни дејности во превозот (39.767 денари).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најниско платени професии во Македонија: Работниците можат само да сонуваат за просечна плата

Просечната плата се искачи на 25.435 денари: За еден месец пораст од 308 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пратениците треба да ја продолжат расправата за законот за решавање на спорот на Владата со Макпетрол

Редакција

Скопје не ја научи лекцијата, повторно лобира во ЕУ за да сокрие недостаток на реформи, вели бугарскиот претседател Радев

Редакција

Кој е Ерџан Селими, заменик министер за локална самоуправа

Редакција