еМагазин
Image default
Забава

(ВИДЕО) Филмот „Врба“ раскажан со рапување во „Еден на Еден“

Оваа недела, во „Еден на Еден“ гостуваат четири актери од хит-филмот „Врба“ на Милчо Манчевски: Сара Климоска, Никола Ристески, Наталија Теодосиева и Благоја Чоревски- Чоре.

Сара и Никола, освен што се партнери во филмот во средновековната приказна се и приватно добри пријатели и колеги од факултет.

Тоа најдобро се виде во специјалната рап точка која ја изведоа на крајот на емисијата. Во Freestyle рапот, Никола и Сара на оригинален начин раскажаа дел од приказната на „Врба“.

Наталија Теодосиева, откри дека е поранешна балерина и изведе интересна балетска точка, а легендата Благоја Чоревски- Чоре раскажа многу анегдоти од богатата кариера.

Во недела, на Канал 5, од 18.30 ќе ги гледаме актерите од „Врба“ во едно сосема неочекувано издание. Во меѓувреме, погледнете ја најавата за емисијата:

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) И покрај дождот, Стинг во моментов е на проба на Градски стадион

Редакција

(Фото) Каролина на одмор во Турција

Редакција

Tina Turner tribute band премиерно во Градски парк во Скопје, на 12. јуни

Редакција