Во Македонија има континуиран тренд на намалување на каматите на кредитите и депозитите кај банките кој резултира со рекордно ниски камати за двата вида услуги.
„Во текот на октомври, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити оствари месечен пад од 0,20 процетни поени и изнесува 4,26%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,66 процентни поени.
Просечната каматна стапка на новопримените депозити, овој месец изнесува 1,19 отсто и на месечна и годишна основа се намали за 0,08 процетни поени и 0,19 процетни поени, соодветно“, соопшти Народната банка.
Од Народната банка во нивниот извештај објаснуваат дека во однос на каматните стапки на новоодобрените кредити/новопримените депозити се карактеристични променливи движења.
Ваквите движења на каматните стапки произлегуваат од промените на обемот на новите депозити/кредити (којшто од месец во месец може позначително да се менува), како и од новодоговорената каматна стапка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Паѓаат каматите на кредитите и на штедните влогови