На 29.11.2019 на поширокото гостиварско подрачје била спроведена акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници, информира МВР.
При контролата, биле откриени вкупно 16 технички неисправни возила, меѓу кои 6 со неисправни сопирачки, а 4 со неизвршен технички преглeд. Технички неисправните возила се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни платни налози.
Истиот ден, СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.
Во акциската контрола биле контролирани 122 автобуси и други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 63 се упатени во Станица за технички преглед. Утврдени се девет прекршоци за кои се преземени соодветни законски мерки. Санкционирани се и 17 останати прекршоци.
Од полициски службеници од СВР Битола на 29.11.2019, во периодот од 08.00 до 13.00 часот, била спроведена акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз на патници.
Притоа, биле контролирани 89 автобуси или други возила кои вршат јавен превоз, а од нив 54 биле упатени на технички преглед, при што кај четири биле констатирани неисправности. За сите неправилности издадени се соодветни налози.