еМагазин
Image default
Македонија

Боки 13 вратен во затвор

Првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски е испуштен од Градската општа болница „8-ми Септември“ и вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.

Јовановски беше хоспитализиран минатата недела поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во КПВ Шуто Оризари.

Во меѓувреме, Апелацискиот суд денеска треба да одлучи дали тој и натаму ќе остане во притвор. Неговиот адвокат Сашо Дуковски бара да биде пуштен од затвор заради неговата здравствена состојба.

Останатите двајца обвинети за „Рекет“, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец се во домашен притвор.

Судењето за „Рекет“ треба да почне утре во Кривичниот суд во Скопје.

МИА/Фото: Инстаграм/Боки 13

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Градоначалникот на Велес превентивно во изолација, неговата сопруга прегледувала двајца од заразените со коронавирусот

Редакција

Охридскиот суд ја прифатил гаранцијата на Нефи Усеини од 30.000 евра, битолска Апелација треба да пресече дали ќе излезе од притвор

Редакција

Коѕијас: Склучивме договор со Поранешната југословенска република и јас станав поранешен министер

Редакција