еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Субвенции за автомобили ќе нема

Средства за субвенции за купување возила што беше најавено за следната година, во буџетот не се предвидени. Работна група што била формирана и го разгледувала ова прашање одлучила средствата да се алоцираа таму каде ќе дадат најдобар ефект.

Ова го соопшти денеска министерката за финансии Нина Ангеловска одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата за проектот „Купи куќа, купи стан“, најавувајќи дека наскоро ќе биде соопштено повеќе за Законот за данок на моторни возила кој е усвоен од Владата и за други мерки што се во насока на намалување на аерозагадувањето.

-Беше разговарано, и одлучено дека приоритет на Владата е средствата да бидат алоцирани онаму каде ќе дадат најдобри резултати. Таа мерка беше дебатирана, имаше работна група што беше формирана и средствата се алоцирани за да го дадат најдобриот ефект, изјави министерката, додавајќи дека целта е средствата на граѓаните насочени преку кој било проект да го дадата најдобриот резултат.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според цените од 1 август ќе се крои поевтинувањето на прехранбените производи

Редакција

Од почетокот на ковид-кризата над 43 илјади граѓани во Македонија останеле без работа

Редакција

Топ пет професии со најниски плати

Редакција