еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Полициска акција во три фирми на Камчев

Се уште тече полициска акција во три фирми поврзани со бизнисменот Орце Камчев и тоа две во нашата држава и една во Шпанија, со претходна наредба од страна на надлежен обвинител,  потврдија извори од истрагата за МИА.

Според првичните информации, полициската акција во фирмите е поврзана со долгот од 400.000 евра на ВМРО-ДПМНЕ за финансирање на кампањата за последните претседателските избори.

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески денеска изјави дека најверојатно тоа е акција на МВР и оти во овој момент подетални информации околу тоа нема.

Инаку, Ана и Орце Камчеви утре треба да бидат сведоци на судењето за случајот „Рекет“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спасовски потврди дека МВР е влезено во три фирми, но не кажа дали се на Камчев

Орка Холдинг со демант за полициска акција во „Монт“, се работи за контрола од инспектори од МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителство со истрага за дивоградбата пред „Мавровка“: Сопственикот остана без пасош

Редакција

Убава вест: 265 оздравени од Ковид-19

Редакција

(Видео) Кучето Медо донесе новородена срна во дом во селото Белица

Редакција