еМагазин
Image default
Македонија

Детали за случајот со киднапирањето на македонскиот државјанин во Тирана

Сведочењето на 23-годишнот Македонец, киднапиран во Тирана од три лица, кои под закана со оружје барале 250.000 евра, го пренесува албанската агенција Балкан веб.

-Давор В. во полиција изјавил дека бил присилен од Сокол М.(42) и Алберт Џ.(41) и двајцата жители на Тирана, да влезе во автомобилот попладнето на 6 декември. Во главата му впериле пиштол барајќи 250.000 евра, а потоа насилно го втурнале во возилото, пренесува агенцијата.

Полициски извори потврдиле дека добиле дојава дека вооружени лица кружеле со возилото БМВ и присилно внеле маж во возилото.

Веднаш биле ангажирани припадниците на специјалната полициска едница „Шќипоња“. На предупредвањето да го запре возилото, возачот ја зголемил брзната, но подоцна било пресретнато во близина на седиштето на Архиепископијата во Тирана.

Приведените ги отфрлиле обвиненијата дека не станува збор за киднапирање, туку дека извршиле притисок врз македоскиот државјанин да им врати долг.

– Но, целото сценарио на киднапирањето е расветлено од страна на полицијата кога Давор В. го спомнал Суби Е.(50) од Струга кој играл улога на посредник меѓу двајцата киднапери и семејството на Давор за добивање на парите, наведува агенцијата Балкан веб.

На двајцата албански државјани веќе им е одредена мерка притвор, додека стружанецот ќе се брани од слобода под обвинение „непријавување на кривично дело“.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјанин киднапиран во Тирана, го спасила полицијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е над 70 проценти, тврди Филипче

Редакција

Зијадин Села за повикот на Заев за простување: Не си цар, туку премиер

Редакција

Нови 150 случаи на Ковид -19 од 1.630 тестирања: Најмногу во Скопје, Струмица и Кочани

Редакција