Во изјава за телевизија „24“, од туристичката агенција „Камелија турс“ велат дека чувствуваат одговорност за вчерашната автобуска несреќа, кога македонски автобус кој патуваше кон Копаоник се преврте кај Прокупље и беа повредени повеќе од 20 патници, од кои една патничка беше задржана на болничко лекување.
„Чувствуваме одговорност за немилиот настан и подготвени сме како агенција согласно законите доколку самите патници кои што вчера доживеаа сообраќајна несреќа побараат обештетување, тоа да го направиме“, велат од туристичката агенција „Камелија турс“
Од таму додаваат дека тие само организатори, а додека друга агенција се јавува како превозник на патниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР: Најтешко повредената патничка од сообраќајката во Србија префрлена во Ниш
видео: ТВ24