На оваа своја седница Владата донесе одлука спортските сали Партизан и Расадник да им бидат вратени на Општина Карпош и на Општина Кисела Вода, спортската сала во Радовиш, како и спортската сала во Куманово и други спортски објекти во овој град, да им бидат вратени на Општина Радовиш и Општина Куманово.
Со овие одлуки, спортските сали се враќаат во владение и на управување на општините и стануваат поблиску до граѓаните и до спортските клубови во локалните заедници со што се отвораат можностите и потенцијалите за нивна поголема искористеност и за развој на спортот и физичката култура.
Градоначалникот на Општина Карпош во интервју за „еМагазин“ изјави дека една од целите во неговиот мандат ќе биде враќање на салата „Партизан“ нејзино обновување како и да се врати како синоним за спортското живеење во Карпош.
Фото: Влада