еМагазин
Image default
МАКЕДОНСКО

За Институтот „Крсте Мисирков“ негирањето на македонскиот јазик е свесна провокација

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје соопшти дека остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките (БАН) во врска со постоењето на македонскиот јазик и на македонското писмо.

Во реакцијата Институтот наведува дека постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и, нагласува дека „секој став што го негира овој непобитен факт го смета за свесна провокација“.

„Ваквите изјави одат во прилог на евтина дневно-политичка пропаганда и затоа е несфатливо што доаѓаат од една висока академска фела на држава членка на Европската Унија.

Меѓу другото, на овој начин, тие ги негираат долгогодишните билатерални проекти меѓу македонските и бугарските лингвисти и други научници. Земајќи предвид дека на нашите конференции со македонистички теми доаѓаат ценети професори од целиот свет, а нашите научници се масовно прифатени од светската научна јавност со своите истражувања посветени на македонскиот јазик, литература и култура, не се чувствуваме загрозено ниту како Македонци, ниту како македонисти“, пишува во реакцијата на Институтот за македонски јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер во „црвено“ за негирањето на македонскиот јазик од страна на Бугарската академија на науките

Заев: Ќе реагираме на ставот на БАН за негирање на постоењето на македонскиот јазик

Институт за македонска литература: Со ставот на Бугарската академија на науките се негира македонскиот идентитет

За Бугарската академија на науките македонскиот јазик не постои, бил наречје на бугарскиот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преспанското јаболко доби заштитена географска ознака со која се потврдува неговата автентичност

Редакција

Македонски манифест: Меморандум на МАНУ, МПЦ-ОА и УКИМ за апсурдните барања на Бугарија

Редакција

Нова веб-страница за правилна употреба на македонскиот јазик

Редакција