На социјалните мрежи и во јавноста не стивнуваат реакциите по соопштението на Бугарската академија на науките (БАН), според која македонскиот јазик не постои, туку е дијалект на бугарскиот јазик.
Еве дел од твитовите:
Бугарската академија со нов став: pic.twitter.com/wWOtbQUrLA
— Зимзелено Дрво🌲 (@NemaPariNemaMir) December 12, 2019
1998 Бугарскиот ПЕН објави Антологија приредена од Г Старделов и напиша дека не само што таа е преведена на бугарски јазик, туку некои песни се заменети со други поради непремостиви проблеми при преводот од македонски јазик. На писателите им се јасни разликите меѓу двата јазика. pic.twitter.com/gsRgYGHTOo
— Katica Kulavkova (@kkulavkova) December 13, 2019
Дијалект рекоа кутрите😁 pic.twitter.com/xBJpyN6cXY
— i999y (@i999y) December 12, 2019
Денес бев у Софија да потпишам еден договор. Адвокатката вика ама мора на Македонски да се преведе и таа верзија да ја потпишеш, инаку не е валиден. Викам, ама нели вчера рековте дека не постои Македонски јазик. Со очите напрај еден спин и ми фактурираше превод. Каде да се бунам?
— Тик Так на радио. (@tiktaknaradio) December 13, 2019
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарскиот амбасадор Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е Декларацијата на Парламентот