еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Претставничкиот дом изгласа импичмент, судбината на Трамп во рацете на Сенатот

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес изгласа импичмент за претседателот Доналд Трамп.

Сега судбината на Трамп е во рацете на Сенатот кој треба да реши дали ќе го отповика од функцијата поради обвинувањата за висок криминал.

Претходно само за двајца американски претседатели бил изгласан импичмент во конгресот – Ендру Џонсон и Бил Клинтон, но ниту еден досега не бил разрешен од функцијата.

Трамп е обвинет дека како претседател издејствувал да добие помош од Украина да започне истрага против неговиот политички ривал пред претседателските избори во 2020 година.

Претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси пред гласањето изјави дека за жал, фактите објаснуваат дека претседателот ја злоупотребил својата службена должност за своја лична и политичка корист и дека ја опструирал работата на Конгресот инсистирајќи на тоа дека тој нема да биде одговорен и дека е над Уставот и американскиот народ.

„Никој во САД не е над законот. Претставничкиот дом денеска ќе искористи едно од најсериозните овластувања дадени со Уставот на САД и ќе гласа за усвојување на две основи за импичмент на американскиот претседател“, додаде таа.

Трамп остро ја критикуваше Пелоси, во писмо објавено додека демократите и републиканците во Претставничкиот дом разговараа за насоките за дебата пред историското гласање за отповикувањето.

Тој ја осуди „жестоката крстоносна војна“ што се води против него и рече дека не верува оти неговото писмо ќе промени ништо, но ги даде своите забелешки „заради историјата“.

„Кога луѓето ќе погледнат назад на овој случај, сакам тие да разберат и да научат од тоа, така што никогаш повеќе да не се случува на друг претседател“, напиша Трамп во писмото.

Тој ги обвини демократите за „извртување на правдата и злоупотреба на службената должност“ за обидот да го разрешат. Трамп повтори дека не направил ништо лошо кога ја замолил државата да ги испита политичките ривали и ги нападна демократите затоа што се фокусираа на повлекувањето отколку на некои други прашања.

„Ова не е ништо друго освен нелегален, обид за пуч низ целата земја… што ќе пропадне во избиралиштата“, напиша Трамп, алудирајќи на претседателските избори следната година.

Тој ги обвини ги демократите дека со „невалидниот процес за отповикување“ го кршат Уставот и прогласуваат “отворена војна на американската демократија“.

Фото/Видео: NBC news/CNN

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„ИЦС-системи“ го доби тендерот за модернизација и одржување на јавното осветлување на општина Куманово вреден 4,6 милиони евра

Редакција

Семејство со три деца, невработена самохрана мајка и две постари лица добија хуманитарни пакети од поделбата на џиновската пита на „Питијада 2022“

Редакција

Поради немање лиценца затворена дискотеката пред која се случи убиството на хрватскиот ракометар

Редакција