еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Веста за апсењето на актерката Силвија Стојановска одекна на Балканот

Медиумите од повеќе балкански земји објавија информации по неочекуваното приведување и одредувањето на куќен притвор за познатата македонска актерка Силвија Стојановска.

„Србија данас“ пишува дека познатата актерка е осомничена дека овозможила логистика за меѓународни дилери.

„Новости“ објави дека на Стојановска и се заканува затворска казна доколку се докаже дека им помагала на двајца браќа во меѓународната трговија со дрога.

„Блиц“ пишува дека доколку се докаже делото за кое се товари македонската актерка се соочува со казна затвор од пет години.

„N1“ ги пренесува македонските медиуми во кои се опишуваат неофицијалните информации за поврзаноста на актерката со двајцата браќа за наводно учество во меѓународна трговија со кокаин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Триесетдневен куќен притвор за актерката Силвија Стојановска

Приведена позната македонска актерка Силвија Стојановска во врска со заплена на дрога

Фото: Принтскрин/Новости

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема полициски час, ама МВР и инспекторатите ќе вршат засилени контроли во подрачјата со зголем број на заразени со коронавирусот

Редакција

За неносење маска 237 прекршоци за 24 часа

Редакција

Земји-членки да ја зауздаат ​​побарувачката на гас, да складираат повеќе и да споделуваат со оние кои се повеќе погодени, изјави Фон дер Лајен

Редакција