еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски не се чувствува повикан за бегството на Груевски, повикува Обвинителството да покрене постапка

Најдобро е пропустот за бегството на поранешниот премиер Никола Груевски да го утврди обвинителството и да покрене постапка, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што изјави денеска Спсовски, тој не се чувствува повикан од ставот во обраќањето на претседателот Стево Пендаровски дека е разочаран што една година по бегството на Груевски, се уште нема извештај од институциите за тоа како избега Груевски.

„Јас не се чувствувам воопшто повикан затоа што начинот на којшто се случи тоа го покажува точно пропустот, но најдобро е тој пропуст да го утврди Обвинителството и да покрене постапка во однос на секој настан кој ќе ни се случува затоа што ако немаме покренување постапки, ако немаме казнивост тогаш може да ни се повторуваат овие дела. За тоа говорам цело време, изјави Спасовски“.

Спасовски дополни дека извештајот од внатрешната контрола во МВР за бегството на Груевски е предаден веднаш во Јавното обвинителство и оти на јавноста ќе и бидат соопштени информации кога ќе биде затворена истрагата.

„Истрагите не може да ги водиме во јавност и преку камери, тие се водат во ЈО и кога ќе дојде моментот на затворање на истрагата се соопштува во јавност“, наведе Спасовски.

Прашан дали очекува да биде идниот технички премиер, тој повтори дека е подготвен сум да се бори за уште еден мандат на Владата, без оглед на тоа, како што вели, дали ќе биде на одредена позиција или само потпретседател на СДСМ.

„Таа работа никој не може да ни ја земе за да направиме се СДСМ да биде идниот мандатар“, рече Спасовски.

МИА/Фото:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 114 здравствени работници во Македонија излекувани од коронавирусот, голем раст

Редакција

Кај 97 лица од заболените со коронавирусот во Македонија се присутни хронична и здравствени состојби

Редакција

Тие што прележале Ковид-19 може да се вакцинираат со една доза

Редакција