еМагазин
Image default
Македонија

Спасовски очекува нов предлог за министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој за два дена треба да ја преземе функцијата премиер во техничката влада пред одржувањето на изборите, при денешната посета на Тетово изрази верување дека опозицијата ќе предложи нов кандидат кој ќе го раководи Министерството за внатрешни работи.

На новинарско прашање дали очекува нов предлог од опозицијата тој одговори потврдно.

„Мислам дека тоа ќе го направат и заеднички ќе влеземе во таа преодна влада која треба да ги заврши сите овие процедури до изборите. Подготвени да продолжиме со таква динамика и со посветеност да работиме за граѓаните во предизборниот период, затоа што Македонија не смее да си дозволи да се стопираат проектите и да има застој во реформите. Напротив треба енергично, цврсто да газиме напред заради граѓаните и иднината на Република Северна Македонија“, истакна Спасовски.

На новинарско прашање дали можеби ќе се прифати сегашниот предлог на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи, Спасовски порача дека мора да се почитува Уставот.

„Ставот дека мора да се почитува Устав е став што не може да биде променет и тоа треба да го почитуваат сите. Владата ќе функционира од моментот кога ќе биде избрана, а тоа треба да се случи на 3 јануари, затоа што изборите ќе бидат на 12 април“, рече Спасовски.

Министерот Спасовски на првиот ден од новата 2020 година присуствуваше на промовирањето на новиот објект на Полициското одделение Камењане, Тетовско, како и на реновираниот објект на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај – Тетово.

МИА/Фото:МВР

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

СДСМ бара нов предлог за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одложено судењето за случајот „Плацеви на Водно“, обвинителката Стефанова ќе се тестира за Ковид-19

Редакција

(Галерија) Сиљановска Давкова во Њујорк се фотографираше со Бајден, со кој сѐ имаше средба

Редакција

Нови 489 случаи на Ковид-19 од 2.841 тестирања

Редакција