еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Новата 2020 година престапна, февруари има 29 дена: Што велат народните верувања?

Новата 2020 година е престапна што значи дека наместо вообичаените 365 дена, годинава има еден ден повеќе. Престапна е секоја четврта година во која февруари наместо 28 има 29 дена.

Ова е престапна година која почнува во среда и повторно ваква престапна година ќе има во 2048 година.

Според народните верувања, во престапна година не се прават венчавки и свадба, ниту се гради куќа. Народот верувал дека се што се прави во престапна година е со краток рок иако годината има еден ден повеќе. Затоа верувале дека во престапна година не се прават свадби и венчавки.

Среќни во ваква година, според народот, се само децата родени во таа година.

Новата година беше дочекана ширум светот со спектакулани огномети. Први ја дочекаа Новата година жителите на Кирибати, Самоа и Божиќниот Остров во Тихиот Океан, а последни жителите на Американска Самоа.

Она што остана дел од новогодишната ноќ се и пожарите во Австралија, протестите во Хонг Конг и Индија и нуклеарните тензии со Северна Кореја. Годинава, во Русија новогодишната ноќ помина без вообичаената снежна покривка поради многу топлиот декември во Москва.

Во земјава над 60.000 граѓани ја дочекаа Новата Година на плоштадот во Скопје забавувајќи се со музиката на босанската ѕвезда Дино Мерлин, а за Скопјани, Новата година почна и со близнаци.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Како се славеше Новата година во Њујорк, Дубаи, Пекинг…

(Галерија) Над 60.000 граѓани од земјава и регионот ја дочекаа Нова година на концертот на Дино Мерлин во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска облачно и врнежливо време

Редакција

еМагазин Ви ја честита новата 2023 година

Редакција

Морбилите предизвикуваат абортуси, предвремени породувања и зголемена смртност на плодот

Редакција