еМагазин
Image default
Македонија

(Видео) Како изгледа новата опрема на МВР за заштита при насилни протести и немири

Првпат од постоењето на Посебната единица за поддршка (ПЕП), во рамки на финансиската донација на Владата на Чешка Република за потребите на Министерството за внатрешни работи, полициските службеници од оваа единица денеска добија специјална полициска опрема во случаеви на нарушен јавен ред и и мир во поголем обем, соопшти МВР.

„Станува збор за опрема од заштитен карактер, која се користи за време на насилни протести и немири, а во неа влегуваат: заштитни елеци, штитници за пределот на рацете и штитници за пределот на нозете, чија основна намена е заштита на полициските службеници од повреди. Воедно, покрај оваа опрема, извршена е и набавка на заштитни штитови за јавен ред и мир“, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека специјалната полициска опрема за припадниците на Посебната единица за поддршка претставува уште една активност во континуираните напори на МВР за подобрување на материјално-техничките услови за работа на сите припадници на полициските служби, што беше позиционирано меѓу највисоките приоритети за раководството на Министерството за внатрешни работи во последните две и пол години, со цел реално востановување на модерно  опремена и професионално подготвена полициска служба, согласно сите европски стандарди.

Фото/Видео:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Што пишува во изјавите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ за промена на Уставот, заверени на нотар

Редакција

Скандал со пензиите: МАПАС ќе ги информира пензионерите кои се оштетени со нераспределба на парите

Редакција

Бугарскиот министер за надворешни работи Милков се закани со вето, во Софија протести заради претепувањето на Пендиков

Редакција