еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Холандија и официјално си го смени името, сега е Нидерланд

Холандија и официјално си го смени името. Новото име на државата е Нидерланд.

Властите во оваа држава ја донесоа оваа одлука со цел да го променат имиџот на земјата, па од сега министерстватата, универзитетите, амбасадите… и компаниите ќе го користат новото име.

Со промената на името власите се надеваат дека ќе привлечат повеќе туристи во другите делови на земјата, бидејќи главниот град Амстердам, Харлем и Хаг, не се во состојба да се справат со големиот број туристи, пренесуваат светските агенции.

Буквален превод на официјалното ново име на земјата, која има 12 провинции, од кои само две во својот назив го содржат зборот Холандија е Кралство на Ниските Земји.

Под новото име земјата во голема промотивна кампања ќе се престави на престојната Евровизија, која годинава се одржува во Ротердам, како и на Олимписките игри во 2020 година во Токио.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пожарите на грчките острови Родос, Крф и Евија се уште се вон контрола

Редакција

Бугарската фирма од која ќе купуваме природен гас, добила лиценца на 15 септември годинава

Редакција

(Видео+фото) Како се прави минералната вода “Кожувчанка“

Петре Димитров