еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Новата реклама на „Самсунг“ со музика од македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика „Филтер Лабел“

Македонската издавачка куќа и компанија за лиценцирање на музика „Филтер Лабел“ ја заврши 2019 година со два исклучително значајни пласмана на песни од сопствениот каталог.

Новата реклама на технолошкиот бренд Samsung за кинескиот пазар ја содржи песната „Look At Me” од кантавторката Kali J. Станува збор за рекламна кампања за најновиот луксузен мобилен телефон Galaxy W20 5G, што се продава само на кинескиот пазар и е всушност подобрена 5G верзија на моделот Galaxy Fold.

Производот, заедно со рекламната кампања, беше лансиран на самиот истек на 2019 година, а целиот контингент пуштен на пазарот беше распродаден за само неколку минути и покрај високата цена (2.850 американски долари за основниот модел и околу 1.000 долари повеќе за луксузната варијанта). Во текот на овој месец, новиот мобилен телефон на Samsung ќе биде повторно достапен во кинеските продавници, а ќе продолжи и емитувањето на рекламата со песната од каталогот на Филтер Лабел.

Инаку, ова е прв пласман на музика од македонскиот издавач во медиумски производ на кинескиот пазар, кој се смета за тешко достапен и прилично затворен за странски компании.

Кон крајот на минатата година, уште една песна од Филтер Лабел се појави во популарен телевизиски проект. Една од последните епизоди на хит серијата „Legacies” започна со песната “The Street Called Broken Dreams” од соул групата George Grant and the Mighty Templars. Оваа телевизиска серија е производ на мрежата CW (американска мрежа во заедничка сопственост на CBS и Warner Bros.) и претставува тематско надоврзување на популарните серии “The Vampire Diaries” и “The Originals”.

Двата најнови пласмана на песни од каталогот на Филтер Лабел се ефектно заокружување на една од најуспешните години за македонскиот издавач, во која музиката од оваа компанија се појави и во реклами за Bank Millenium во Полска и за Ohana Instruments во САД, во ТВ сериите „Exatlon”, „Watch What Happens Live” и „Love and Hip-Hop”, во филмовите „Willow / Vrba”, „Winter, Leave” и „Mission: Wolf”, како и во апликациите „Stride (Medrhythms)” и „Next (Beat Fever)”.

Дел од овие лиценцни пласмани на музика од Филтер Лабел може да погледнете на следниот Youtube линк:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски цитираше упатство од „Сумамед“ за да алармира на прекумерната употреба на антибиотици за лекување Ковид-19

Редакција

Пет најниско платени професии: Сонуваат за просечна плата

Редакција

Проф. Трајковски: Се враќаме во нормализација со Ковид-19, нов бран не би требало да се појави порано од 5 месеци

Редакција