еМагазин
Image default
Бизнис

УЈП со кривични пријави за затајување на данок против неколку фирми поврзани со Боки 13

Управата за јавни приходи (УЈП) подготвила кривични пријави за затајување на данок за Меѓународниот сојуз на првообвинетиот во „Рекет“ и во „Рекет 2„, Бојан Јовановски – Боки 13, „БМЈ медиа груп“, која е сопственик на „1ТВ“ и против „Томато продукција“.

И трите правни субјекти директно или индиректно се поврзани со Јовановски, а УЈП ги најави овие кривични пријави во октомври, бидејќи овие тие затаиле околу 20 милиони денари, или околу 325.000 евра данок.

„Пронајдовме фактури за ноќевања во хотели, авионски билети за лица кои не се вработени во „1ТВ“. Од страна на УЈП тоа е класифицирано како лично примање без пресметан персонален данок.

Имаме и многу фактури за набавка на подароци (часовници и сл.) за кои ние пресметавме персонален данок. Во 2018 година исплатена е дивиденда на Јасна Мандиќ, која не е сопственик на „1ТВ“ и тоа е противзаконски. Ние пресметавме и на тоа персонален данок“, информираа тогаш од УЈП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Странците си одат од Македонската берза

Редакција

Дизелот повтинува за три, а бензините за 2,5 денари

Редакција

ТЕЦ Неготино склучи договор со “Монтинг енергетика“ вреден 575,6 илјади евра

Редакција