еМагазин
Image default
Македонија

ЗНМ ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката Мери Јордановска

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува заканите и навредите упатени кон новинарката и заменик-уредничка на „А1он“, Мери Јордановска. Според пораките кои ги објави Јордановска, заканувачот со погрдни зборови ја навредувал притоа заканувајќи се дека „ќе ја искреира на некролог“.

-Ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство итно да отворат истрага и да ги преземат сите можни мерки за брзо санкционирање на заканувачот. Случајот е веќе пријавен во Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, оттаму ги повикуваме институциите брзо да реагираат за овој случај со цел да се превенираат и слични закани во периодот кој следува, се наведува во соопштението од ЗНМ.

Здружението на новинарите на Македонија неодамна предупреди дека во пресрет на изборите заканите кон новинарите и медиумските работници има тенденција да зачестуваат. Оттаму потсетуваат дека заканите кон новинарите и медиумските работници претставуваат кривично дело и обид за цензура во медиумите.

Од ЗНМ апелираат до политичките партии најостро да ги осудат заканите, во пресрет на изборите да демонстрираат коректен јавен однос кон новинарите и да укажат на своите членови дека нападите и заканите кон новинарите претставуваат кривични дела и за истите се одговара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Централниот регистар ги осуди заканите на нивен вработен кон новинарката Мери Јордановска

Закани кон новинарката Мери Јордановска, ССНМ бара истрага

Фото: ССК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанева во анкетниот лист пријавила дека купила половно возило

Редакција

Македонски државјанин уапсен при влез во Косово поради фалсификуван тест за Ковид-19

Редакција

Охриѓанецот Топалоски се „предомисли“: „Нефи Усеини ми е пријател, недоразбирањето е надминато“

Редакција